Банда од Прилеп ограбувала цркви, викендици и магацини

од Nikola Popovski

Битолската полиција поднесе кривична пријава против С.А.(33), Ф.Е.(40), Џ.А.(30), Е.Б.(33), Е.А.(26) и Ф.Ќ.(39), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени 87 кривични дела  „тешка кражба“, „кражба“ и „прикривање“.

Пријавените, во периодот од април 2021 до февруари 2022 година, на подрачјето на Битола и селата Путурус, Црнобуки, Вашарејца, Добрушево, Радобор, Трап со употреба на погоден предмет и физичка сила, извршиле тешки кражби, тешки кражби во обид и кражби во куќи, викендици, стопански дворови, цркви, манастири, магацини, базни станици, при што одзеле разни предмети и се стекнале со противправна имотна корист од 1.524.400 денари.

Слични содржини