Бандерас по разводот го продава станот за 7 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska

Антонио Бандерас го продава својот стан на Менхетн во Њујорк за дури 7 милиони и 400 илјади долари, јавуваат странските медиуми.

Актерот ја купил недвижнината во 2005 година со неговата поранешна сопруга Мелани Грифит за четири милиони. Станува збор за импозантен простор со четири спални соби и ист број бањи, а Антонио направи дом на два апартмани кои ги спои во еден поголем.

Станот има високи прозорци, а скоро секоја соба има прекрасен поглед на градската панорама.

Според странските медиуми, Антонио конечно решил да го продаде овој дом, затоа што планира да се пресели во областа Лос Анџелес за да биде поблизу до неговото семејство.

Сепак, не може да се избегне впечатокот дека актерот одлучил да се откаже од сè што има врска со неговата поранешна партнерка. Така, тој го продаде својот долгогодишен дом во Лос Анџелес по цена од 16 милиони и сто илјади долари.

Слични содржини