Банка на Англија: Крипто-валутите веројатно нема да траат долго

од Nikola Popovski

Гувернерот на Банката на Англија, Ендру Бејли, денес изјави дека е малку веројатно постојните крипто-валути да траат доволно долго за да служат како платежно средство.

„Дали сме во услови кога дизајнот и управувањето ќе овозможат времетраење на дигиталната валута? Не, мислам дека не сме стигнале толку далеку“, рече Бејли.

Најпознатата криптовалута, биткоин, достигна рекордна вредност од 42.000 долари на 8 јануари, но исто така падна на 28.000 минатата недела.

Бејли наведува дека се потценуваат сите предизвици за поставување дигитална криптовалута како средство за плаќање, како и нивото на приватност што би требало да се обезбеди во тој случај.

„Прашањето на приватноста за секоја трансакција е големо за целата тема на криптовалутата, како и за тоа каде е тука јавниот интерес“, истакнува Бејли.

Слични содржини