Банкарот Ласо победи на претседателските избори во Еквадор

од Stefanija Kuzmanovska

Банкарот Гиљермо Ласо неочекувано го победи во вториот круг на претседателските избори во Еквадор левичарскиот ривал Андрес Арауз и навести дека Еквадор ќе продолжи по патот на пазарната економија наместо да се врати во социјализмот.

Откако ќе ја преземе функцијата на 24 мај, новиот претседател ќе се соочи со предизвикот за повторно започнување на растреперената економија на Еквадор по тешката година во знак на пандемијата, пренесува „Ројтерс“.

„Денес, граѓаните на Еквадор донесоа одлука за својата иднина. Тие го искористија своето право на глас за да изразат потреба за промени и подобри денови“, рече Ласо, кој во вториот круг доби 52,5 отсто од гласовите, во споредба со Арауз, за кого гласаа 47,4 отсто.

Победата на Ласо отстапува од трендот на резултатите од претседателските избори одржани во Аргентина, Боливија и Чиле, каде победија кандидатите на левицата.

Слични содржини