Банките реагираат за невистини за ФЕНИ

од Vladimir Zorba

Во врска со последните јавно објавени тези кои во најголем дел се базираат на неточни информации и податоци Комерцијана  и Стопанска Банка ја дистрибураа  информација  до јавноста . Ви ја пренесуваме во целост:

– Банките како обезбедени кредитори на ден 13.03.2018 година, склучија договор за продажба на своите побарувања од „ФЕНИ Индустри“ во стечај. Заклучно со 22.03.2018 година, вкупната сума од договорот за откуп на побарувања (која вклучува главен долг, камати, провозии и останати трошоци) е целосно исплатена и Банките од тој момент немаат никакви побарувања од „Фени Индустри“ во стечај.

– Имајќи предвид,  дека со реализацијата на договорот за откуп на нашите побарувања повеќе не сме доверители во стечајната постапка, веднаш се достави поднесок до судот, кој пак, по тој основ пристапи кон промена на составот на Одборот на доверители и избра нови членови на местото на претставниците на Банките. Податоците објавени вчера се со постар датум и не соодветствуваат со моменталната состојба.

– Како обезбедени доверители со свои претставници во одборот на доверители длабоко сме уверени дека стечајната постапка е водена во согласност со законските прописи и успешно се заштитени интересите на доверителите. Впрочем, ова е еден од исклучително ретките случаи (ако не и единствен) на компанија оставена со преку 60 мил евра долг, вработени без плата, блокирани сметки и целосно неизвесна иднина, која во рок од неколку месеци целосно го обнови производниот процес, сите вработени да ги задржа на работа и целосно ги исплати нивните плати. Во исто време, со најголем дел од доверителите се склучени договори за регулирање на нивните побарувања и исплатена е прва рата по тој основ.

– Што се однесува до огласот за преработка на никелова руда, како дел од одборот на доверители можеме да потврдиме дека целата постапка беше транспарантна и отворена за сите заинтересирани субјекти. Огласот се објави во меѓународно списание „Financial Times“ и сите заинтересирани субјекти можеа да се јават на истиот. Овој оглас овозможи активирање на комбинатот и обебзедување на работа за преку 700 вработени и пред завршување на стечајната постапка.

На крај, сакаме да изразиме жалење што изнесените неточни информации и обвинувања се презентирани по претставка на поранешниот сопственик на компанијата кој го доведе комбинатот во оваа состојба. Овој пристап го цениме како целосно несериозен и убедени сме дека вработените и сите заинтересирани субјекти во „ФЕНИ Индустри“ јасно го препознават тоа, се вели во соопштението на  Комерцијална банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје

Слични содржини