„Бараме владата да направи посебен пакет на мерки“: Угостителите ќе протестираат додека не се усвојат нивните барања

од Берта Китинска

Денеска повторно протестираа сопствениците на ресторани за организирани настани, ноќни клубови, фото студија и музичари

Тие бараат да биде укината забраната за работа и да работат по најстроги протоколи. Незадоволни се што не се вклучени во петтиот пакет антикризни мерки и бараат од Владата да направи посебен пакет мерки за нив.

– Бараме владата да направи посебен пакет на мерки и да не гледа како субјекти кои 100 проценти една година се загрозени од пандемијата.Будно ја следиме епидемиолошката состојба во државата и сме свесни за моменталната состојба, па поради тоа во првата фаза бараме да ни се дозволи да можеме да работиме под истите услови и протоколи, како и скратеното работно време како што работат сите останати а ла карт објекти. Овие барања се од суштинско значење за нашиот опстанок имајќи го во предвид нашиот сезонски карактер на нашата дејност“, рече Марија Синадиновска Арсовска.

Угостителите ќе организираат протести секој работен ден во Скопје и во други градови, додека не се исполнат нивните барања.

Слични содржини