Барањето за олеснување на полицискиот час доаѓа од епидемиолозите и од Комисијата за заразни болести, а не од Чулев

од Vladimir Zorba

Информацијата која министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ја објави на Фејсбук, дека намалувањето на полицискиот час е на негово барање, не е точна, дознаваме од извори од главниот кризен штаб.

Оттаму велат дека таквата одлука доаѓа после опфатна анализа и барање на Комисијата за заразни болести, а барањето утрово било презентирано на штабот од страна на министерот за здравство Венко Филипче.

Дека за ова олеснување имаше подготовка уште во текот на велигденските празници говори и фактот што Владата во повеќе наврати најавуваше олеснување.

Дополнително, дознаваме дека непосредно пред велигденските празници, Чулев пред кризниот штаб се залагал за заострување на мерките, жалејќи се дека полицијата не можела да се справи со ситуацијата.

Слични содржини