Барбов: Британскиот сој не дава потешка клиничка слика

од Nikola Popovski

„Британскиот сој на коронавирус не дава потешка клиничка слика, но е повирулентен. Нормално е дека ќе се зголеми бројот на инфицирани“, изјави директорот на Клиниката за неврологија, Иван Барбов за дневникот на ТВ Сител.

Тој соопшти дека за десетина дена за повеќе од двојно се зголемил бројот на хоспитализирани ковид-пациенти на Клиниката за неврологија.

Во однос на нови дополнителни мерки, Барбов смета дека нема потреба од примена на државно ниво, но дека сите треба да сме свесни дека мораме да ги намалиме контактите, иако времето е топло и се зголемуваат дружењата.

Слични содржини