Барди со емотивна порака: Ајде момци, сите сме со вас браќа

од Берта Китинска

Вечерва со почеток во 18: 00 часот фудбалската репрезентација на Македонија во Тбилиси против Грузија ќе се бори за пласман на Европското првенство.

Поради повредата на грбот вечерва во нашиот фудбалски тим ќе недостасува важен играч во македонската А репрезентација, Енис Барди.

– До овде стигнавме затоа што заслуживме, уште еден чекор пред големиот сон на сите нас! Нема да можам да сум на терен со вас, но ќе навивам до крај и ќе ве поддржам во секоја секунда на натпреварот. Поддржете се еден за друг и ќе го добиеме уште овој меч. Ајде момци, сите сме со вас браќа – напиша Барди на својот Инстаграм профил.

 

Слични содржини