Барса го доби дербито против Јуве, Јунајтед му даде 5 на Лајпциг

од Vladimir Zorba

Барселона победи со 2-0 на гостувањето кај Јувентус во големото дерби од групата „Г“ од Лигата на шампионите.

Осман Дембеле ги доведе гостите во водство во 14. минута, а во 90. Лео Меси беше прецизен од пенал за да го формира конечниот резултат. Успехот на Каталонците можеше да биде далеку поголем ако не беа бројните пропусти пред голот на Војчех Шчесни.

Италијанскиот шампион постигна три гола, дело на Алваро Мората, но сите три беа поништени поради офсајд. Генерално, победата на Барса беше целосно заслужена, а одбраната на „бјанконерите“ играше под каква било критика.

На табелата, Барселона има 6 бода, додека Јувентус останува со 3. Во следното коло на 4 ноември, Торино гостува кај Ференцварош, додека Динамо Киев ќе пристигне на „Камп Ноу“.

Манчестер Јунајтед продолжи со својот силен учинок и забележа нова победа во Лигата на шампионите, сега со чисти 5-0 против РБ Лајпциг на домашен терен. Така, „црвените ѓаволи“ веќе имаат 6 бода во групата „Х“, додека Германците остануваат со 3.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер повторно одиграа силно и заслужено победија, Мејсон Гринвуд го отвори резултатот а Маркус Рашфорд влезе од клупата за да додаде уште 3 гола. Ентони Марсијал исто така релизираше, но од пенал.

Така, по понижувачките 1:6 од Тотенхем на почетокот на месецот, Јунајтед забележа 3 победи и реми на следните 4 натпревари на сите турнири, одржувајќи 2 суви мрежи, па подобрувањето е таму.

Резултати од 2 коло на ЛШ:

Група Е:
Краснодар – Челси 0:4
Севиља – Рен 1:0

Група Ф:
Борусија Дортмунд – Зенит 2:0
Бриж – Лацио 1:1

Група Г:
Ференцварош – Динамо Киев 2:2
Јувентус – Барселона 0:2

Група Х:
Истанбул Башакшехир – ПСЖ 0:2
Манчестер јунајтед – Р.Б. Лајпциг 5:0

Слични содржини