Барса не може да регистрира засилување од 55 милиони евра

од Vladimir Zorba

Феран Торес официјално е фудбалер на Барселона од 2022 година. Сепак, тоа не значи дека ќе може да игра за шпанскиот гигант.

Барселона се обврза на Манчестер Сити да му плати 55 милиони евра на четири рати (првата исплата треба да се изврши дури следното лето), а со четири клаузули вкупниот трансфер би можел да биде 65 милиони евра.

Сепак, Барселона се уште не може да го регистрира овој играч.

Причината? Буџетот за плати е пополнет. Апсурдно е Барселона да не размислувала за овој „детаљ“, па Барселона ќе мора да продава играчи за да може да смета на големо засилување.

„Во моментов не можеме да го регистрираме Феран Торес“, изјави директорот на Барселона Алемани.

Тој објасни и зошто.

„Се надеваме дека ќе ја решиме оваа непријатна ситуација што е можно поскоро. Продажбата на Јусуф Демир може да помогне. Работиме на тоа и ќе видиме што ќе се случи со Лук де Јонг“, рече тој.

Слични содржини