Барса официјално го претстави Левандовски, за малку ќе го собореше рекордот на Ибрахимовиќ

од Nikola Popovski

Полскиот фудбалер Роберт Левандовски беше претставен како официјално засилување на Барселона.

По тој повод на Камп Ноу се собраа 57.300 навивачи, што за малку ќе беше најголем рекорд во посета при претставување на трансфер во историјата за каталонскиот клуб.

Првото место го држи Ибрахимовиќ кога пристигна од Интер во 2009 година, кој привлече 60.000 навивачи на стадионот. За споредба, во 2003 година поради Роналдињо дојдоа двојно помалку навивачи отколку за шведскиот напаѓач.

Неодамнешниот играч на Баерн ќе го носи дресот со број девет кој пред него го носеа Самуел Ето, токму Ибрахимовиќ и Луис Суарез.

Досега одигра три подготвителни натпревари за Барселона, но не успеа да се запише во листата на стрелците.

Фото: Profimedia

Слични содржини