Барса планира да го отстапи младиот Дембеле во текот на летото

од Vladimir Zorba

Барселона размислува да се откаже во текот на летото од услугите на младиот француски напаѓач Усман Дембеле, тврди „Ел Мундо Депортиво“.

20-годишниот млад играч беше привлечен од Борусија (Дортмунд) со исклучително големи очекувања, но генерално разочара со настапот, а освен тоа имаше и доста проблеми со повредите.

Освен тоа, со речиси сигурното пристигнување на Антоан Гризман во лето, шансите пред младиот фудбалер ќе бидат доста ограничени и идејата на Ернесто Валверде е тој да натрупа пракса на друго место и да се врати подготвен да помогне на тимот.

Во текот на оваа сезона, талентот има 21 натпревар за Каталонците во кои постигна 2 гола и 7 асистенции.

Слични содржини