Барселона бара 20 милиони евра од ПСЖ за Дембеле

од Vladimir Zorba

Францускиот напаѓач на Барселона Усман Дембеле може да ја промени клупската припадност во последните часови од јануарскиот преоден рок.

Според „Марка“, Каталонците се обидуваат да го продадат играчот на Пари Сен Жермен за 20 милиони евра.

Разговорите почнаа и покрај првичниот неуспех, тие продолжуваат, но не може да се даде дефинитивна прогноза како ќе завршат. Дембеле одбива да потпише продолжување на договорот кој му истекува на лето, бидејќи е незадоволен од условите кои му се нудат.

Пред неколку дена тренерот на Барселона Чави Ернандез изјави дека опциите за Дембеле се или да го продолжи договорот или да биде продаден.

Во моментов во Барселона не се потпираат многу на 24-годишниот фудбалер, кој учествуваше на само шест натпревари и има две асистенции.

Слични содржини