Барселона без Меси и Суарез на мечот со Бетис

од Vlatko K

Шпанскиот шампион Барселона вечер на дуелот со Бетис од 2.коло во Примера ќе биде значајно ослабен. Тренерот Валверде нема да може да смета на повредените Лионел Меси и Луис Суарез.

Исто така во составот го нема ниту Усман Дембеле кој продолжува да се опоравува од повредата.

Валверде во списокот го стави 16-годишниот напаѓач Ансу Фати.

Еве ги играчите кои ќе се обидат на Барселона да и ја донесет првата победа во новата сезона: Тер Штеген, Пења, Семедо, Пике, Лангл, Алба, Умтити, Фирпо, Ракитиќ, Бускетс, Артур, Рафиња, Роберто, Де Јонг, Видал, Гризман и Фати.

Средбата на „Камп ноу“ почнува во 21 часот.

Слични содржини