Барселона го претрпе третиот последователен пораз во Евролигата

од Nikola Popovski

Кошаркарите на Барселона синоќа загубија на гостувањето во Тел Авив кај Макаби и ја продолжија серијата порази.

Во дербито на 19.коло од елитното кошаркарски натпреварување, во меч со мал број поени ЦСКА Москва беше поуспешна од Реал Мадрид.

Резултати:
ЦСКА Москва – Реал Мадрид 60:55
Химки – Валенсија 75:84
Анадолу Ефес – Милано 88:68
Фенербахче – Лион 86:64
Олимпијакос – Алба Берлин 86:93
Макаби – Барселона 92:85.

Вечер играат:
Зенит – Басконија
Црвена ѕвезда – Жалгирис
Панатинаикос – Баерн.

Во горниот дел на табелата се Анадолу Ефес со биланс 16-3 (победи-порази), Реал Мадрид 15-4, Макаби 13-6, ЦСКА Москва 13-6 и Барселона 13-6.

Слични содржини