Барселона го враќа најтрофејниот фудбалер во историјата

од Vladimir Zorba

Легендарниот бразилски дефанзивец Дани Алвеш (39), инаку најтрофејниот фудбалер на светот со 43 пехари, зимава би можел да се врати во Барселона каде претходно мина осум години!

Алвеш настапуваше за „каталонскиот клуб“ во периодот од 2008 до 2016 година и за тоа време освои практично се, а бразилските медиуми пишуваат дека средбата меѓу него и клубот ќе се одржи следната недела.

Наводно, Алвеш има голема желба да се врати на Ноу Камп и да му помогне на клубот, особено сега кога Барса е во тешка ситуација и кога тимот го презеде неговиот поранешен соиграч Чави Ернандез.

Алвеш во последните две години играше за Сао Паоло, во Барса дојде од Севиља за која настапуваше шест години, а по заминувањето од Ноу Камп играше за Јувентус и Пари Сен Жермен.

Слични содржини