Барселона и Бока Јуниорс подготвуваат спектакл во чест на Марадона

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Барселона и Бока Јуниорс ќе одиграат натпревар во рамките на новото натпреварување наречено „Марадона куп“.

Двата споменати тимови натпреварот ќе го одиграат на 14 декември во Саудиска Арабија. Натпреварот ќе се одигра во Ријад на стадионот „Мрсул Парк“ со капацитет од 25.000.

„Марадона куп“ за првпат ќе се игра во декември, а планот е да се одржува секоја година.

Барселона потврди дека ќе настапи, а се уште се чекаат потврдите на Наполи и Њуелс Олд Бојс, тимови за кои Марадона настапуваше во својата богата кариера.

Фото: Michel Barrault / Onze / Icon Sport via Getty Images

Слични содржини