Барселона има нов фаворит за тренер

од Vladimir Zorba


Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Почетино е фаворит за тренерското место на Барселона по одбивањето на Чави да го стори тоа. Веста ја објави „RAC 1“. Според медиумите, претседателот на Каталонците, Пеп Бартомеу има намера да му понуди договорна Аргентинецот.

Тешко е да се поверува дека може да се случи нешто слично, особено ако се земат предвид зборовите на Почетино, кој повеќе пати рекол дека не би бил тренер на Барселона. Причината за ова е што тој беше ментор на другиот тим од Каталонија во Ла Лига – Еспањол. Во 2018 година, стратегот изјави дека повеќе би сакал да стане земјоделец во родната земја, отколку да стане тренер во Барселона.

По неуспехот во преговорите со Шави, каталонскиот клуб се надеваше дека на оваа позиција ќе назначи друга легенда на Барселона – Роналд Куман. Сепак, тој исто така одби. За тимот се вели дека може да ја доигра сезоната под водство на тренерот на Барса „Б“- Хави Гарсија Пимиента.

Почетино работеше 5,5 години во Тотенхем и беше отпуштен во ноември 2019 година. Други опции за нов тренер на „Камп Ноу“ се Кике Сетиен и Габриел Милито.

Слични содржини