Барселона на удар на навивачите поради честитка за Надал

од Nikola Popovski

Во моментите кога цел свет го чека расплетот на ситуацијата со Усман Дембеле и Пјер Емерик Обамејанг, во Барселона покажаа дека се уште имаат некои други работи на ум.

Во неделата се одржа финалето на Австралија опен, Рафаел Надал по 21-ви пат ја освои титулата на Грен слем турнирите, а од минута во минута пристигнуваа честитки од целиот свет.

Освен од Каталонија.

Од само ним позната причина, Барселона реши да го чека не само последниот ден, туку и последниот час од преодниот рок, и тоа во време кога речиси секој љубител на фудбалот на планетава ги следи следните потези на каталонскиот гигант кој беше во голема криза и одлучија да му честитаат на Надал:

„Фудбалскиот клуб Барселона му се придружи на остатокот од спортскиот свет за да го признае историскиот рекорд поставен од Рафаел Надал, првиот тенисер кој ја освоил 21. Грен слем титула“, е наведено во пораката на Барселона.

Дури и да е спонзорска обврска, се чини дека Каталонците сепак можеа да почекаат да помине барем денот кој во голема мера би можел да одлучи за иднината на овој клуб, со оглед на тоа што ги очекува исклучително тешка борба за пласман во Лигата на шампионите.

Во меѓувреме, фановите го кренаа гласот на социјалните мрежи:

„Објавете го Обамејанг“ …

Слични содржини