Барселона потврди: Кунде е наш

од Nikola Popovski

Барселона летово заврши уште една голема зделка – нов играч на „Блауграна“ е Жил Кунде.

Францускиот стопер слета во Барселона попладнево, а трансферот беше реализиран откако „Блауграна“ се договори со Севиља. Трансферот изнесува 50 милиони евра фиксни, плус 10 преку одредени бонуси.

Кунде ќе потпише договор до 2027 година откако ќе ги заврши лекарските прегледи.

Францускиот репрезентативец е петтото засилување за Барса ова лето. Претходно пристигнаа Френк Кеси, Андреас Кристенсен, Роберт Левандовски и Рафиња.

Каси и Кристенсен пристигнаа како слободни играчи откако им истекоа договорите со Челзи и Милан. Барса за Левандовски на Баерн му плати 50 милиони евра, додека за доаѓањето на Рафиња од Лидс издвои осум милиони евра повеќе.

Слични содржини