Барселона се откажа од трката за Лаутаро Мартинез

од Maja Serafimova

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона се откажа од трката за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез. Каталонскиот клуб не беше задоволен од цената што за 22-годишниот Аргентинец, ја бара италијанскиот клуб, пренесе „ЕСПН“.

Фото: trivela.com

Последната понуда на шпанскиот клуб во висина од 100 милиони евра беше одбиена, по што Барселона реши да направи пауза во преговорите.

Интерес за фудбалерот покажуваат и англиските великани Манчестер сити и Манчестер јунајтед.

Оваа сезона Лаутаро настапи на 15 натпревари во Серија А, на кои постигна осум гола и направи 4 асистенции.

Слични содржини