Барселона во четвртфинале – Ламине Јамал со нов рекорд

од Љубиша Владимиров
27 прегледи

Барселона обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите по убедливата победа од 3:1 против Бенфика на „Камп Ноу“.

По минималната победа во Лисабон (1:0), Каталонците ја потврдија доминацијата на домашен терен. Главната ѕвезда на натпреварот беше младиот Ламине Јамал, кој постави нов рекорд во Лигата на шампионите.

Головите за Барселона ги постигнаа Рафиња (11′, 42′) и Ламине Јамал (27′), додека за Бенфика единствениот погодок го постигна Николас Отаменди (13′). Јамал со само 17 години и 241 ден стана најмладиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал гол и асистенција на ист натпревар. Со тоа го собори рекордот на Брил Емболо од 2014 година.

Легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, не го криеше воодушевувањето од шпанскиот талент, истакнувајќи:

“Никогаш не сум видел нешто како него на оваа возраст. Никој не го прави тоа што го прави тој, на исто ниво и со таква доследност,, изјави Фердинанд

Оваа сезона, Ламине Јамал е еден од најважните играчи за Барселона и шпанската репрезентација. На 37 настапи за клубот, постигна 12 гола и 17 асистенции, а неговата пазарна вредност, според „Трансфермаркт“, изнесува 180 милиони евра.

Барселона сега го чека противникот во четвртфиналето, кој ќе биде одреден од победникот на двомечот меѓу Лил и Борусија Дортмунд.

Слични содржини