Барселона во јануари ќе се обиде да го ангажира Стирлинг

од Vladimir Zorba

Барселона во јануари ќе се обиде да го привлече Рахим Стирлинг од Манчестер Сити. Каталонците ќе понудат да го изнајмат до лето со откупна клаузула. Веќе подолго време се зборува за интересот на шпанскиот гигант за членот на англиската репрезентација. Една од главните причини за тоа е што Стерлинг се помалку е дел од плановите на Пеп Гвардиола.

Новиот тренер на Барса, Чави сака тој да биде привлечен, но клубот тешко може да си дозволи големи трансфери во зима во позадина на неговата финансиска состојба. Манчестер Сити нема желба да го отстапи играчот, но Шпанците се надеваат дека вклучувањето на клаузулата за откуп ќе ги убеди.

Од „Ноу Камп“ веруваат дека „граѓаните“ повеќе ќе сакаат да го пуштат Рахим во странски клуб отколку да му дозволат да им се приклучи на некои од нивните ривали во Премиер лигата.

Барселона до крајот на првата недела од декември ќе побара одговор од Сити. Ако е негативен, тие ќе се фокусираат на други цели.

Слични содржини