Баша: Бојкотот на Собранието од страна на опозицијата ќе продолжи

од desk2

Лидерот на албанската опозиција Лулзим Баша изјави дека бојкотот на опозицијата на Собранието и комисиите ке продолжи . Тој на собирот во градот Берат рече дека бојкотот на институциите од страна на опозицијате ке биде се додека власта не започлне да врши Ветинг ( контрола на нивната некорпутираност ) на политичарите .

,, Демократската партија има своја Платформа во однос на развојот на земјата и бара спроведување на ветинг и на политичарите . Ние бараме чистоќа на сите политичари во земјата и нема да седнеме во собраниските клупи се додека има политичари кои се директно извалкани со криминал и корупција ,,рече Баша и додаде дека премиерот Еди Рама токму со корупција и криминал победи на последните парламентарни избори во Албанија .

Претседателот на најголемата опозициона партија во Албанија, Демократската партија – Лулзим Баша побара од меѓународниот фактор ,, да не се прави дека не гледа како функционира владата на Рама во Албанија ,, и да помогне и на реализација на контрола на политичарите дали се коруптирани или имаат криминални активности.

Процесот на Ветингот во судскиот систем привршува и поради аргуиментирање дека се поврзани со криминал и корупција голем број на судии во Албанија се отстранети од работа . Уставниот суд не функционира бидејки поголемиот број на судии во него се отстранети поради незаконски активности. Опозицијата смета дека таа контрола треба да продолжи и со политичарите кои се на високи позиции во Албанија .

Слични содржини