Баша порача дека кризата се решава врз основа на принципи а не пазарења

од Vlatko K

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија,Љуљзим Баша, синоќешниот деветти по ред протест на обединетата опозиција го нарече „океан на надежта“.

Денеска уште порача дека политичката криза во Албанија ќе се реши само врз основа на принципи, а не со пазарења.

-Океан на надежта синоќа во Тирана, оваа величествено единство на волјата на граѓаните е вербата на секој Албанец во промените што доаѓаат. Оваа криза ќе биде решена не преку пазарање, туку врз принципи. Патот за излез од неа поминува низ европските стандарди: пред правдата крадците на гласови, заминување на Еди Рама, длабоки политички реформи и слободни и фер избори, напиша Баша на Фејсбук.

Додава дека 30 јуни ќе биде политички погреб на Еди Рама и криминалната организација на преродбата и нагласува дека неговото заминување е само почеток.

-Потребно е целосно да ја смениме политиката и економијата врз основа на вредностите и принципите на демократиите на Западот, за да никој и никогаш повеќе не ја попречува иднината на Албанците и нивните деца, со прелевањето во едно на државата со криминалот и олигархијата. Само на овој начин ќе гарантираме еднаш засекогаш Албанија да не е она што го сакаат овие луѓе, Еди Рама, криминалците, политичарите и грабливите олигарси, туку да биде Албанија на сите Албанци,посочува Баша.

Tој го повторува ставот дека на 30 јуни нема да има избори и бара од структурите да се подготвуваат за предвремени парламентарни избори.

Слични содржини