Баша предлага преодна влада пред секои избори

од desk2

Лидерот на најголемата албанска политичка сила, Демократската партија, Љуљзим Баша предлага додека Албанија не стане членка на ЕУ, пред секои избори, да се формира преодна влада, која ‘e гарантира слободни и фер избори.

Баша предлогот го даде на средбата со директорот за Централна и Источна Европа на амерканскиот демократски институт НДИ, Роберт Бенџамин, додавајќи при тоа дека „решението на политичката криза во која е Албанија поминува низ слободни и фер избори“.

-Пред да стане членка на Европската унија, Албанија мора, пред секои избори, да има преодна влада што гарантира слободни и фер избори. Ова ќе го оневозможи притисокот врз гласачите и администрацијата, злоупотреба на јавните фондови и државните средства и улогата на лицата со криминални досиеја и криминалните групи. Одвојувањето на политиката од криминалот е од суштинско значење за слободно гласање, изјави Баша.

Ја споделил загриженоста на опозицијата околу доцнењето во формирањеto и работењето на iнстуциите кои ќе ги истражуваат криминалот и корупцијата на високо ниво.

Баша ја искажал решеноста на Демократската партија и обединетата опозиција, богатството со кое располага земјата и нејзиниот извонреден човечки потенцијал да го стави во корист на граѓаните, а не во функција на мал број корумпирани лица и олигарси.

-Со значајната помош на Соединетите американски држави, ние ќе можеме на Албанија да и ја вратиме функционална демократија и нејзиното богатство во развој и благосостојба за секое албанско семејство. Претставниците на Демократскиот институт ја споделија загриженоста со која САД ја следи политичката криза во земјата и ја потврдија нивната подготвеност да придонесат за нејзино решавање и зајакнување на демократијата, изјави Баша по средбата.

Баша, вчера оцени дека „трпението на народот е при крај“ и оти земјата мора да оди на предвремени избори, за да има легитимен Парламент и Влада.

Слични содржини