Бауш: Ако не се преземат сериозни стратешки мерки, во иднина може да имаме подлабока енергетска криза

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Економскиот аналитичар, Абил Бауш во разговор за „Локално“ вели дека очекувал по оптимистички мерки од Владата и дека новите препораки „подлежат на некое културолошко однесување за штедење на енергија“ .

-Прво, морам да признам дека очекував по оптимистички мерки да донесат од Владата и кога ќе се споменат сет на мерки се мисли на многу други ставки на буџетот кој ќе допринесат во штедењето а понатаму и на изградба на капацитетите за нормално снабдување со електрична енергија. Преземаните мерки за мене се немерливи односно се ќе зависи однесувањето на домаќинствата на јавниот сектор и компаниите т.е тие би трошеле електрична енергија по нивните потреби и буџет, но овие мерки некако подлежат на некое културолошко однесување за штедење на енергија. Пример како едно домаќинство би штедело ако нема некој заменливи односно алтернатива за таа потреба кој се појавува, или дали во јавниот сектор би се преминало на работа од дома или намалување на јавната администрација или пак онлајн завршување на работните обврски како за време на пандемијата значи би било добро да се има некој акционен план како би се штедело. Но, според мене најголемиот проблем е како преку буџетските ставки односно преку буџетот најдобро да се штеди и да се премости оваа енергетска криза, појаснува Бауш.

Според него, кога домаќинствата би имале алтернатива на премостување на енергијата со други извори би било се во ред, додавајќи дека дојдено е времето за да воспостави и поголем ред во снабдување на електрична енергија појаснуваќи дека треба да се санкционираат оние кој ја злоупотребуваат.

– Јас мислам дека едно просечно македонско семејство и сега е преоптоварено со цената на чинење на електричната енергија и мислам дека се во фаза на штедење, но како ќе биде во зимскиот период тоа навистина е тешко да се прогнозира. Мислам дека нема да зависи штедењето само од домаќинствата туку ќе зависи и од други фактори кои институциите ќе треба да ги преземат. Ние во ова криза не сме од вчера или денес со нашите енергетски капацитети сме со декади во криза само што тоа сега може сите да го почувствуваат и да го видат, и ако не се преземат сериозни стратешки мерки во иднина може и да биде уште подлабока оваа криза, подвлекува аналитичарот.

За тоа дали ќе може нашата земја и нејзините граѓани и домаќинства да ја издржат зимата која следува, Бауш посочува „ќе биде навистина тешко“.

– Да имало можеби и многу потешки кризи во која се соочувал државата во минатото, но тоа веќе минато. Ние се соочуваме со сериозна криза не само во енергетскиот дел туку воопшто како развој на капацитети на државата и како стратешки раст и развој, како да ни недостига визија за иднината. Иако со години укажуваа безброј експерти на тоа што може да ни се случи како да не ја научивме лекцијата. Како за илустрација ние имавме пред две години сушна година каде капацитети на вештачките езера беа на ниско ниви и каде термоелектраните беа амортизирани и стари и каде алтернативни извори на енергија не постои, појанува тој.

Ако се земаат предвид инфлацијата на цената на чинење на сите производи. намалената куповна моќ на граѓаните по индексот на цените, според Бауш едно просечно македонско семејство ќе се соочи со преживување на овој период.

-Има голема разлика од тоа дали би било способно да преживее едно семејство или да живее нормално. Имајќи во предвид дека денешните потреби на едно домаќинство се многу поголеми од да речеме пред 30 години ќе биде тешко да се каже дека ќе им биде лесно да го поминат овој тежок период. Но, како и да е ќе треба и сериозно да се преземат конкретни мерки од страна на институциите да се може на граѓаните да им се олесни со конкретни политики за зачувување на оној слој на семејствата кој полесно би го премостиме овој период на криза, смета тој.

Б.М.

Слични содржини