BBC ја најави бурата „Денис“ на перверзен начин (фото)

од Nikola Popovski

Невремето „Денис“ што ја зафати Велика Британија беше најавено на шокантен начин утрово на BBC.

Имено, на картата на Велс имаше „машки полов орган“. Оваа графика предизвика бројни хумористични коментари на Твитер, пренесува Дејли Меил.

Метеоролошката служба издаде црвен сигнал за животна опасност во Јужен Велс, поради обилните врнежи од дожд и ризикот од поплави, додека голем дел од остатокот од земјата е исто така на готовс.

“Огромен пенис има на картата на Велс. Некој малку си играше со графиката. Сакав да му се јавам на мојот брат во Велс, но не можев да му објаснам што точно му се заканува”, беше еден од коментарите на Твитер.

Потсмевањето во врска со временската прогноза продолжило цел ден.

“Бидете внимателни ако сте денес во Велс. Издадено е предупредување за голем полов орган низ целата земја и овие гениталии изгледаат прилично опасно”, стои во друг коментар на Твитер.

Слични содржини