БДП се намали за 3,3 отсто во третото тримесечје

од Vladimir Zorba

Бруто домашниот производ (БДП), во третото тримесечје од оваа година, се намали за 3,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во третото тримесечје од 2020 година, најголем пораст е забележан во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство од 5,2%; Градежништво од 3,4% и Информации и комуникации од 3,3%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2020 година, номинално опаѓа за 1,4%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 66%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 6,8%, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 3,2%.

Слични содржини