Бебе коала ја прегрнува мајка си која се бори за живот (ФОТО)

од Elena Daskalova

Возрасна коала и нејзиното младенче биле удрени од кола. Додека малото поминало без повреди, мајката доживеала сериозно оштетување на белите дробови.

Поради тоа морала да помине две операции, кои за среќа, поминале добро. Покрај неа будно цело време било младенчето, кое не се одделило од својата мајка додека таа уште спиела од анестезијата.

Овие трогателни фотографии за кратко време се раширија на социјалните мрежи, а може да се каже дека никој не остана рамнодушен.

Слични содржини