Бебе позитивно на ковид-19 почина на клиника во Загреб

од Milan1

Бебе старо само 23 дена почина на Клиниката за инфективни болести „Др. Фран Михаљевиќ“ во Загреб, јавија медиумите во Хрватска.

Трагичната вест ја објавија од Клиниката за инфективни болести „Др. Фран Михаљевиќ.

Се утврдуваат сите околности на смртта, а по неопходната анализа на комплетната медицинска документација и евентуалните дополнителни процедури, јавноста ќе биде информирана за причините за смртта, стои во краткото соопштение од Клиниката.

Како што неофицијално дознава порталот 24сата, детето било позитивно на КОВИД, но болницата ги истражува причините за смртта, пренесува Дневник.хр.

Инаку, во вторникот наутро на Клиниката починала и мајка која била приклучена на апарат за кислородна поддршка.

Слични содржини