Бебето што почина од Ковид-19 имало вродена аномалија на черепот, велат од МЗ

од Nikola Popovski

Во денешниот ковид-извештај е регистрирано дека бебе починало после тешки компликации со заразата. Според Министерството за здравство станува збор за шест-месечно дете со вродена аномалија на черепот.

-Доенчето е примено на Клиниката за Неврохирургија заради оперативна интервенција. По добивање на ковид позитивен тест, детето е ставено во изолација на респираторна машина и е ординирана соодветна терапија, велат од МЗ, по податоците добиени од Клиниката за детска хирургија.

Од Министерството додаваат дека со цел постоперативно третирање детето било хоспитализирано на Клиниката за детска хирургија.

-По континуиран период на лоша општа состојба (со настаната респираторна и хепатална инсуфициенција и тестови со наод во прилог на дисеминиранта интраваскуларна коагулопатија) во текот на престојот на Клиниката, на 03.01.2022 доаѓа до дополнително влошување на општата состојба. Лекарите на Клиниката ги превземаа сите мерки за интензивно лекување и  реанимација,  но и покрај тоа за жал малиот пациент заврши летално, стои во соопштението.

Бебето починало на 03.01.2022. Вкупно регистрирани се 13 починати лица од коронавирус според последниот ковид-извештај, од 6 во периодот од 24.12.2021-11.01.2022.

Слични содржини