Белите шумови познати уште како бела врева се многу познат метод при успивање на деца. Некои производители веќе нудат апаратчиња што го испуштаат овој звук, но може да се најде и на Јутјуб.
Но, кога возрасните имаат проблем со заспивањето, како прва помош може да искористат розови шумови, кои се подеднакво популарни, а од белите се разликуваат во фреквенцијата на звукот. Фреквенцијата на розовиот шум е посоодветна за слухот на возрасните личности.
Таа ги имитира природните звуци на бранови и дожд. Белите шумови имаат линеарен интензитет и звучат поеднолично и статично.
Па, ако имате проблеми со спиењето, еве едно видео кое слободно можете да го пуштите и да бидете сигурни дека добро ќе заспиете: