Беџети: Нема да се градат болница или хотели на местото на езеро Треска

од Nikola Popovski

„Работиме интезивно, за да биде чисто од формално правен аспект, затоа што ми беше предизборно ветување дека ќе остварам една слободна туристичка зона. Сме во последната фаза на реализација на овој проект“, изјави градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети за расчистувањето на местото на спортско-рекреативниот центар Треска.

На новинарско прашање, тој одговори дека нема да има никаква болница, хотели или трговски центри на тоа место.

„Тоа се шпекулации на идејата за развој на туризмот во општина Сарај. Ова го правиме заедно со Владата“, потенцира Беџети.

Според него, рокот за дислокација на камп приколките е до крај на февруари и смета дека тоа е разумен рок и има време сопствениците да одлучат што ќе прават со приколките.

„Ние имаме и јавно претпријатие, сопствениците на приколки можат и таму да се обратат. Шпекулации и невистини се кажувањата дека на локацијата ќе се гради болница или трговски центар. Рекреативниот центар ќе заживее повторно и граѓаните ќе имаат каде да се забавуваат“, рече Беџети.

 

Слични содржини