Бејл ја остави во неверување планетата: Видов летечка чинија, 100% постојат вонземјани

Напаѓачот на Тотенхем, Герет Бејл ги шокираше сите со своето неверојатно тврдење.

Герет Бејл е убеден дека постои живот надвор од планетата Земја, и тој вели дека дури и во една прилика видел летечка чинија.

Крилото на Тотенхем ги остави сите без текст, иако зборуваше за сето ова во шеговит разговор со стоперот Родо Родон за клупската телевизија.

– Очигледно, има многу теории на заговор, но има и многу фотографии од неидентификувани летечки објекти, кои беа објавени од Владата на Соединетите Американски Држави. Не е лага, штом државата ги ослободи во етерот – рече Бејл.

Родон се сомневаше во неговата приказна, секако, па Бејл продолжи да го убедува.

– Знам дека некои НЛО објекти се веројатно под превезот на тајност на одредени земји, но јас еднаш видов една од нив. Дефинитивно, 100 проценти има вонземјани.

loading...

Слични содржини