Бејли му честита на македонскиот Парламент по гласањето за уставни измени

од desk2

По синоќешното гласање во македонскиот Парламент, каде со две третинско мнозинство беше поддржана иницијативата за почнување процес на измени на Уставот, како што налага Договорот од Преспа, со реакција се огласи и американскиот амбасадор Џес Бејли. 

„Честитки за македонскиот Парламент за гласањето за иницирање уставни измени, согласно Преспанскиот договор. Пратениците од сите партии покажаа храброст и лидерство со тоа што се здружија за да помогнат да се обезбеди место за Македонија на Западот, во НАТО и во ЕУ “, напиша на Фејсбук американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли.

Слични содржини