Бејрут: Бројот на загинати се искачи на 158, над 6.000 се повредени

од Vladimir Zorba

Бројот на загинати од експлозијата во центарот на Бејрут во вторникот се искачи на 158 денес, при што се повредени повеќе од 6.000 лица, соопшти либанското министерство за здравство.

Како што објавија, 21 лице се наведени како исчезнати.

Ужасната експлозија во пристаништето во Бејрут ја предизвикаа повеќе од 2.700 тони амониум нитрат, кој беше складиран во магацинот шест години, откако беше конфискуван од царинската служба.

Според најновите податоци, повеќе од 6.000 лица се повредени во експлозијата, повеќе од 300.000 луѓе останале бездомници, а спасувачи од Либан, Франција, Германија, Русија и други земји ја продолжуваат потрагата по преживеани.

Слични содржини