Бејрут ден по експлозиите – урнатини, чад и луѓе во шок (ВО ЖИВО)

од Vladimir Zorba

Во Бејрут, ден по експлозијата што го разнесе пристаништето, чадот е сè уште видлив.

Жртви се вадат од под урнатините, и нема повеќе простор за сите повредени во болниците.

Според министерот за здравство Хасан Хамид, болниците се полни со повредени лица, така што хотелите во центарот на Бејрут ќе добијат пациенти на кои не им е потребна операција.

Делот од градот каде се случи експлозијата е уништен, а голем број на згради се сериозно оштетени.

Експлозијата беше еднаква на земјотрес со јачина од 3,5 степени, според германскиот гео-научен центар ГФЗ, а се слушнала и се почувствувала до Кипар, на повеќе од 200 километри преку Медитеранот, пренесува АП.

Силни сигнали од експлозијата во Бејрут беа откриени и од станиците на Меѓународниот систем за следење на спроведувањето на Договорот за забрана на нуклеарни тестови во Тунис и Германија.

Синоќа Врховниот совет за одбрана на Либан го прогласи главниот град Бејрут зафатен од природна непогода и предложи на Владата денеска да воведе вонредна состојба во главниот град, по моќната експлозија предизвикана од амонијак во која загинаа повеќе од 100 луѓе, а повеќе од 4.000 беа повредени.

Слични содржини