Бејрут: Црква се руши, витраж падна врз свештеник (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Снимките и фотографиите од повредените лица и разурнатиот Бејрут, каде се случи страшна експлозија вчера, го обиколија целиот свет, а на социјалните мрежи кружи видео кое е снимено за време на служба во христијанска црква во момент на експлозија.

Прво сè се тресеше, снема струја, а потоа сè започна да пука. Свештеникот кој ја одржуваше службата се обиде да избега, но дел од витражот падна врз него.

Во коментарите на Твитер, можете да прочитате дека свештеникот е во ред, а на мрежите се споделува видео снимка од една млада жена која позира во венчаница во моментот на експлозијата, како и снимки од разорениот Бејрут по експлозијата.

Слични содржини