Бејта: Можно е да се помести датумот за избори, зависно од брзината на ратификацијата за НАТО во Шпанија

од Aleksandar Todeski

Можно е датумот за избори 12 април да биде одложен, зависно од брзината на ратификацијата на протоколот за НАТО во Шпанија, рече во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, Невзат Бејта од ДУИ.

„Според анализите што ги правиме, не правиме експерименти со нашите граѓани. Ако се направи ратификација на Протоколот за НАТО во шпанскиот Парламент, бидејќи е единствената држава која остана, поправете ме ако грешам, потоа следува постапката каде истата ратификација за НАТО во нашето Собрание“, рече Бејта.

Тој вели дека како партија се заинтересирани да се реализира идеалот и духовното барање на граѓаните, но и дека пред изборите, нашата земја да има знаме и да биде 30-та земја членка на НАТО, рамноправна со другите.

Слични содржини