Бејта распали по Груби, а пред само неколку месеци се гордееше со средбата со него!

од Destan Jonuzi

Високиот функционер на ДУИ и поранешен градоначалник на општина Гостивар, Невзат Бејта, го обвини својот сопартиец, првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, дека за време на кампањата за локалните избори во 2021 години во Гостивар, тој повеќе се промовирал себеси наместо него како кандидат.

Но, Бејта заборава дека пред само неколку месеци на социјалната мрежа Фејсбук се гордееше и се пофали со средбата што ја имаше со првиот вицепремиер Артан Груби. Во повеќето случаи, Бејта ги објавуваше и проектите на Владата и Груби за проектите што ги реализира актуелната влада во Гостивар.

Од друга страна, во интервју за Клан, Бејта изјави дека оваа Влада не направила доволно и не и служи на граѓаните.

– Не сме задоволни од работата на нашите преставници во Владата, затоа побаравме да функционираат партиски органи за да има одговорност. Бидејќи тие се избарани во министерствата да го спроведат програмскиот план на ДУИ, а не за забава. Актуелната власт не е на услуга на граѓаните, кажете ми успех на Груби како вицепремиер, па кажете ми еден негов успех затоа што не знам, изјави тој.

Бејта е еден од поддржувачите на таканаречената „Огнена група“ во ДУИ, која на седницата на Генералниот совет на ДУИ на 15 октомври беше силно позиционирана во партиската хиерархија.

Д.Ј.

Слични содржини