Бекам доби 45 милиони долари за игра: Сега сум кул татко

од Vladimir Zorba

Дејвид Бекам, легендарниот англиски фудбалер, потпиша тригодишен договор со ЕА Спорт и ќе се појави во видео играта ФИФА 21.

Бекам на својот Инстаграм откри дека е многу горд што неговиот лик е на насловната страница на видео играта.

Покрај тоа што ќе се појави на насловната страница, Бекам во следните три години ќе биде меѓу фудбалските икони во популарниот режим на ФИФА „Ултимеј тим“, а договорот е вреден 45 милиони евра.

Последен пат поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан, ЛА Галакси и Пари Сен Жермен се појави на насловната страница на играта на ФИФА во 1998 година.

„После 23 години … Јас сум толку горд што повторно сум на насловната страница на ФИФА 21. Возбуден сум што ќе се вратам на теренот како икона со некои од моите стари соиграчи. Можеби моите синови сега ќе помислат дека сум кул татко“, напиша Бекам на Инстаграм.

Слични содржини