Бекам е новиот амбасадор на Maserati

од Vladimir Zorba

Благодарение на неодамнешното деби на суперавтомобилот MC20, Maserati повторно привлекува внимание, а новиот амбасадор на марката дефинитивно ќе помогне.

Покрај суперавтомобилот MC20, Maserati се подготвува да го претстави и својот нов кросовер наречен Grecale, кој ќе се продава заедно со моделот Levante. Компанијата мора да продаде повеќе автомобили за да преживее, а новиот амбасадор на марката ќе се обиде да го стори тоа.

Тоа е поранешната фудбалска sвезда, играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан, Лос Анџелес Галакси и ПСЖ, Англичанецот Дејвид Бекам.

Бекам е познат како љубител на автомобили, а тој поседуваше неколку фантастични автомобили, вклучувајќи ги Aston Martin V8 Volante, McLaren 720S, Porsche 911 Turbo Cabriolet итн.

Maserati вели дека Бекам „ќе го одведе брендот напред во првите редови на луксузните автомобили во 21-от век“, додека компанијата се подготвува да влезе во нова електрична ера.

„Марката оди напред. Maserati е иновативен по природа, управуван од страст и има уникатен дизајн. Партнерството со Дејвид е олицетворение на тие вредности“, изјави шефот за маркетинг на Maserati, Паоло Тубито.

„Ова е возбудливо време за мене да започнам партнерство со Maserati, легендарен италијански бренд кој ја споделува мојата страст и почит кон иновациите и дизајнот. Со нетрпение очекувам да работиме заедно во ова важно време од нивната историја и да ја продолжиме нивната работа на глобално ниво“, соопшти Бекам.

Maserati не откри детали за партнерството, но Бекам дефинитивно ќе се појави во промотивни клипови и при лансирање на нови модели. Првото видео, веќе објавено, го означува почетокот на партнерството и покажува како популарниот Бекс го занемарува зафатениот распоред за момент за да се забавува на Maserati Levante Trofeo во Мајами.

Слични содржини