Бекам го купува „својот“ Јунајтед?!

од Vladimir Zorba

Семејството Глејзер има намера да го продаде Манчестер Јунајтед.

Американците се на чело на Јунајтед од 2005 година, а во наредниот период се отворени за бизнис и слушаат понуди за „својот“ клуб. Се споменуваше Apple, потоа најбогатиот Британец Џим Ретклиф, а англиските медиуми меѓу потенцијалните купувачи го вклучија и името на Дејвид Бекам.

Неговиот поранешен соиграч, Рио Фердинанд дополнително ги „подгреа“ намерите на својот соиграч.

„Го видов Бекс пред некој ден на натпревар. Отидов на натпреварот со Англија и седнавме еден до друг. Мириса прекрасно, изгледаше прекрасно. Изгледаше како милион долари, како што знае. Не личеше на 10 милијарди долари (проценка на Јунајтед), но кога ќе спомнете некој како Бекс, тој очигледно е и ко-сопственикот на Интер Мајами, но не доаѓа сам. Тој доаѓа со конзорциум. Тој доаѓа со луѓе кои имаат длабоки џебови кои имаат способност да завршат ваква работа. Тоа ќе биде неговиот пристап, што е оправдано. Мислам дека на крајот, ќе се сведе на бројки“, речеФердинанд на својот подкаст.

Цената на Јунајтед се проценува на 10 милијарди долари, јасно е дека навивачите би го поздравиле враќањето на клупската легенда како Бекам во нивниот клуб.

Слични содржини