Бекам објави фотографија со бланширана коса, прва коментираше Викторија

од Vladimir Zorba

ДЕЈВИД БЕКАМ објави фотографија на Инстаграм каде позираше со синовите Круз и Ромео. По тој повод, тие покажаа нови фризури.

Пензионираниот фудбалер ја обели косата, а исто така и Ромео. Круз, од друга страна, ја обои косата во розова боја. Нивната фотографија досега ја „лајкнале“ повеќе од 1,3 милиони следбеници, а коментарите се уште се нижат.

„Понекогаш момците треба да запомнат кој прв го сторил ова во 90-тите години на минатиот век. Но, според изразот на лицето, тие не се многу среќни“, напишал Дејвид во описот на фотографијата, по што проговори неговата сопруга Викторија.

„Тато го стори тоа прво, и овој пат изгледа уште подобро“, напиша таа.

„Супер си“, „Дејвид е икона“, „Дејвид, најмногу ти одговара“, напишаа другите обожаватели во коментарите.

Инаку, Дејвид неодамна доби многу пофалби откако беше објавена фотографија од Вимблдон. Голем број обожаватели одговорија во коментарите и го пофалија за изгледот.

Слични содржини