Бекам се најде на мета на осуди заради својот стајлинг (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Викторија Бекам ја претстави својата нова колекција на Лондонската модна недела, а најголемата поддршка и пофалби за својата работа ги доби од нејзиното семејство, кое седеше во публика.

Модната дизајнерка Викторија Бекам навремено ги извести своите обожаватели дека престижната ревија ќе се одржи виртуелно, без гости.

Сепак, Викторија не беше сама, туку ја поддржуваа членови на нејзиното семејство кои се фотографираа веднаш по шоуто, со цел да го овековечат моментот.

– Мои омилени (и единствени) гости оваа сезона! Те сакам многу – напишала дизајнерката под сликата на нејзините синови Ромео (18) и Круз (15), ќерката Харпер (9) и нејзиниот сопруг Дејвид.

И, додека нејзините следбеници беа воодушевени од елеганцијата на момчето, како и долгиот пурпурен фустан на малата Харпер, кој совршено и одговараше со мартинките, Дејвид доби бројни критики на сметка на неговиот стил.
Се чини дека сите погледи беа насочени кон стајлингот, односно кон нозете, и многумина се прашуваа зошто тој се појави на модната ревија на неговата сопруга во чорапи и сандали.

Корисниците на Интернет го изразија своето незадоволство во делот за коментари.

– Дејвид, те сакам! Но, чорапите и сандалите се големо „не“.

– Прекрасна семејна слика! Но, не можам да ја смислам таа комбинација на чорапи и сандали.

– Дејвид, зошто чорапи и сандали? Тоа никогаш не изгледа добро – се само некои критики.

 

loading...

Слични содржини