Бекам со еден потпис заработил 150 милиони фунти

од Vladimir Zorba

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам стана нов амбасадор на Светското првенство во Катар, пренесуваат медиумите во Британија кои наведуваат дека за еден потпис ќе инкасира 150 милиони фунти (околу 178 милиони евра)!

Локалниот „Сан“ пренесува дека Бекам на почетокот на октомври бил една недела во Доха и дека потпишал 10-годишен договор според кој како амбасадор на Катар ќе добива по 15 милиони годишно – вклучувајќи промоција на туризмот и културата.

Бекам наводно се поврзува со катарските шеици откако играше во Пари Сен Жермен, но за конечната одлука прво мораше да се консултира со сопругата Викторија. Причина за тоа се контроверзните одлуки на Катар поврзани со правата на жените и хомосексуалците.

Сепак, „Сан“ тврди дека Бекам е убеден дека на Светското првенство во 2022 година на навивачите ќе им биде дозволено да носат ЛГБТ знамиња на трибините, а на неговата одлука да ја прифати работата влијаело тоа што се повеќе жени се вклучени во работата на државата.

Слични содржини