Бекам за ПСЖ – Реал: Мило ми е што нема да бидам на стадионот

од Vladimir Zorba

Дејвид Бекам ја коментираше претстојната пресметка помеѓу Пари Сен Жермен и Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите. Англичанецот играше за двете екипи и рече дека не знае за кого да навива, но очекува атрактивен фудбал.

„Ако ги погледнеме играчите и историјата на двата тима, страста на навивачите во двата града, овој натпревар е сон за секој навивач. Мило ми е што нема да бидам на стадионот. Ќе биде одлично да ги гледам овие два тима еден против друг, но јас претпочитам да сум дома пред телевизор. Така можам да уживам во секој гол, без разлика кој ќе го постигне“, изјави Бекам.

Првиот дел од пресметката помеѓу ПСЖ и Реал е вечерва во Париз. Интригата околу средбата е поврзана и со иднината на Килијан Мбапе. Французинот се очекува на лето да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос може да се соочи со мадридскиот гигант, но во реваншот.

Слични содржини