Бекам „закочи“ прометен булевар во Лондон (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Фудбалската легенда Дејвид Бекам е забележан како паркира неправилно на жолта линија и го користел телефонот додека возел, пишуваат британските таблоиди.

Според нив, 44-годишниот фудбалер праќал пораки додека седел во неговиот паркиран автомобил. Бекам избрал погрешна локација и го отежнал сообраќајот на прометен булевар во Лондон.

Ова не е прва грешка на sвездата зад воланот.

Возачката дозвола на Дејвид Бекам беше одземена за 6 месеци во мај, откако беше фатен од полицијата со телефон додека вози.

Слични содржини